Испрати по е-пошта

Правилници и интерни акти

Правилник за внатрешна организација 

Службеник за усогласеност
Со Програмата за усогласеност се утврдуваат мерките кои треба да се преземаат заради оневозможување на дискриминација на корисниците на електропреносниот систем по било кој основ, се дефинираат обврските на вработените во реализацијата на програмата и се утврдува начинот за следење на усогласеноста на работењето на операторот на електропреносниот систем со обврските утврдени со Законот за енергетика и Програмата.
Реализацијата на Програмата за усогласеност ја следи Службеник за усогласеност.
Службеникот за усогласеност е должен да:
• го следи спроведувањето на Програмата за усогласеност и изработува годишен извештај за преземените мерки за нејзиното спроведување кој го доставува до Регулаторната комисија за енергетика,
• доставува извештаи до органот за надзор и дава препораки во однос на Програмата за усогласеност и нејзината реализација, и
• ja известува Регулаторната комисија за енергетика за значителни прекршувања во спроведувањето на Програмата за усогласеност.

Правилник за работењето, овластувањата, правата и обврските на службеникот за усогласеност

Програма за усогласеност на А.Д. МЕПСО во однос на обврските кои произлегуваат од сопственичкото раздвојување