Испрати по е-пошта

г-дин Сашо Василевски, генералниот директор на МЕПСО присуствува на годишната конференција на ЕБОР

На годишната конференција на Европската банка за обнова и развој што се одржува во Сараево, БиХ присуствува и г-дин Сашо Василевски, генералниот директор на МЕПСО. Главен фокус на конференцијата на ЕБОР се инвестициите во земјите од Западен Балкан.
МЕПСО има исклучителна соработка со ЕБОР од која добива кредитна поддршка и грантови за модернизација на трансформаторски станици и изградба на нови далекуводи во вкупна вредност што надминува 70 милиони евра. МЕПСО со своите инвестициски проекти придонесува во економскиот раст на земјава за кој аналитичарите на ЕБОР проценија дека годинава може да достигне 3 отсто.





Објавена на: 5/8/2019 3:55:48 PM