Испрати по е-пошта

Регулираната просечна тарифа за пренос на електрична енергија за 2019 година

Согласно Одлука за регулирана просечна тарифа и тарифи за пресметковни елементи за 2019 година за вршење на пренос на електрична енергија на АД МЕПСО – Скопје УП1 бр.08-45/19 од 28.06.2019 година донесена од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, регулираната просечна тарифа за пренос на електрична енергија за 2019 година изнесува 0,1757 ден/kWh.

Во согласност со регулираниот максимален приход (MAR) за вршење на регулираната енергетска дејност пренос на електрична енергија, тарифите за пресметковните елементи врз основа на кои АД МЕПСО – Скопје, како вршител на енергетска дејност пренос на електрична енергија, го фактурира надоместокот за користење на електропреносниот систем, изнесуваат:

- Тарифи за пресметковни елементи: врвна активна моќност 2,7940 ден/kW, активна електрична енергија 0,1704 ден/kWh, реактивна електрична енергија 0,0682 ден/kvarh;

- Јавно осветлување 1.668 ден/броило;

Оваа Одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе се применува од 1 јули 2019 година.

Објавена на: 7/18/2019 12:05:12 PM