Стручните лица од интервентите екипи на АД МЕПСО вложија натчовечки напори и успеаја по непрекината 16 часовна работа да го вклучат под напон 110 киловолтниот далекувод ТС Вруток - ТС Шпиље.

И со тоа денеска во 04:15 часот да создадат услови за жителите на Дебар и неколку околни населени места да добијат снабдување со електрична енергија. Електро монтерите на МЕПСО минатата ноќ работеа во исклучително тешки временски услови на студено и врнежливо време проследено со силен ветар.
Прекинот во снабдувањето со електрична енергија, предизвикан од невремето, беше регистриран вчера во 10:35 часот.
Објавена на: 1/11/2021 10:45:16 AM