Испрати по е-пошта

МЕПСО, ЕСО и ОСТ потпишаа меморандум за зајакнување на регионалната соработка

Развој и зајакнување на регионалната соработка меѓу електропреносните систем оператори и создавање услови за регионален пазар на електрична енергија и негово приклучување во единствениот европски пазар, се клучните поенти во Меморандумот за разбирање што денеска во Софија го потпишаа Ангелин Цачев, Сашо Василевски и Скерди Дренова, директорите на ЕСО,МЕПСО и ОСТ, електропреносните систем-оператори на Република Бугарија, Република Северна Македонија и Република Албанија.
 
Овој меморандум ја поставува основата за зајакнување на регионалната соработка на електропреносните систем-оператори со тоа што фокусот се става на регионалниот пристап на соработка што е основен предуслов на нашиот регион за инклузија во единствениот односно пан-европскиот пазар на електрична енергија што е крајна цел на сите систем-оператори од регионот на Југоисточна Европа.

Објавена на: 3/13/2019 8:35:47 AM