Испрати по е-пошта

Ревитализација на ХЕЦ „Тиквеш“

Стручните екипи на МЕПСО денеска монтираа нов прекинувач на 110 киловолтното поле на далекуводот што ги поврзува ХЕЦ Тиквеш и ФЕНИ.

Стариот прекинувач по 40 години служба оди во „пензија“. Во овој опфат екипите ги заменија сите елементи во ова далекуводно поле монтираа нови комбинирани мерни трансформатори и одводници за пренапон кои биле во функција повеќе од 50 години. Заменети се и разделниците. А се работи на каблирање на новите елементи по што ќе следи и испитување и пуштање под напон на новата опрема. 

Со монтажата на овој прекинувач стручните екипи на МЕПСО успешно, во период од 2 години, го завршија проектот на монтажа на 21 прекинувач и други елементи од примарната опрема во трансформаторските станици: „Кавадарци“, „Битола 1“, „Самоков“, „Сопотница“, „Струга“, „Велес“, „Тетово 1“, „Гостивар“ и ХЕЦ „Тиквеш“. 




Објавена на: 3/14/2019 1:59:00 PM